Се вчитуваат детали за огласот…

Луксузno optemen стан 131 м² – Бутел

Иван Манолев 73а · Aerodrom · Aerodrom
€800
131 m² 4 beds 1 bath 26.08.2026

Детали

Намена Изнајмување
Тип на имот Стан
Површина 131 m²
Спални 4
Бањи 1
Кат 2
Година на градба 2015
Греење autonomous
Населба Aerodrom
Град Aerodrom
Датум на објава 26.08.2026

Опис

Стан за изнајмување – Бутел 2

Станот се наоѓа во мирна и пријатна населба – Бутел 2, на само 4 км од центарот на Скопје, во приватна куќа со уреден заеднички двор и обезбеден бесплатен паркинг.

Станот се наоѓа на втор кат и располага со вкупна површина од 131 м², нудејќи многу простор и комфор за семејно живеење.

Се состои од пространа и модерно уредена дневна соба, три спални соби, пространа бања, целосно опремена кујна и дополнитела галерија со помала дневна соба.

Куќата и големата тераса нудат прекрасен панорамски поглед кон дел од Скопје, создавајќи пријатна атмосфера за секојдневно живеење и одмор.

Домот е модерно и функционално уреден, со стилски мебел и луксузна кујна опремена со сите потребни електрични апарати.

Станот располага со:

* сопствено електрично парно греење
* LG инвертер клима уред
* 3D LED телевизор
* шпорет со рерна
* машина за миење садови
* голем фрижидер со модерен дизајн
* машина за перење и сушење алишта
* апарат за кафе
* тостер
* пегла
* правосмукалка

Спални соби:

Прва спална соба – опремена со кревет со димензии 160 × 200 см, тоалетна масичка и пространа, целосно опремена гардероба.

Втора спална соба – опремена со кревет 140 × 200 см и модерен мебел.

Трета спална соба – опремена со кревет 120 × 200 см и модерен мебел. Во непосредна близина на собата има дополнителна пространа соба, опремена со софа и мебел за седење, која може да се користи како дневен престој, работен простор или дополнителна соба согласно потребите на семејството.

Цена: 800 евра месечно + режиски трошоци.