Се вчитуваат детали за огласот…

***Капитал***Трисобен стан 88 мкв во Далјан

Ohrid · Ohrid
€123,200
88 m² 2 beds 1 bath 25.09.2026

Детали

Намена Продажба
Тип на имот Стан
Површина 88 m²
Спални 2
Бањи 1
Кат 0
Населба Ohrid
Град Ohrid
Датум на објава 25.09.2026

Опис

Веднаш вселив стан 88 мкв на атрактивна локација во крајбрежната населба Даљан, 100-тина метри од Охридското Езеро.
Вкупна површина 88 мкв. Стан 83 мкв, балкон 5 мкв. Кат 4. Ориентација исток-запад-југ. Заеднички паркинг.

Распоред: дневна соба со трпезарија, посебна кујна, две спални, бања,тоалет, ходник и балкон.

Карактеристики: станот е во релативно постара зграда, со докажана стабилност и потврден квалитет, градена по ЈУС стандарди. Станот се продава комплетно опремен, со сите елементи и апарати за домаќинство.

Атрактивна локација: мирна урбана населба во непосредна близина на Охридското Езеро, 100-тина метри од плажата во Даљан, 1,8 km од строгиот центар на Охрид и градскиот пазар. Сообраќајно и инфраструктуно добро поврзана, населбата е опкружена со зелено-сина природа, далеку од градската бучава, снабдена со се што е потребно за лесно, секојдневно функционирање. Во близина има плажи, хотелско-угостителски објекти и патеки за пешачење, уживање и рекреирање на крајбрежјето и кон стариот дел на Охрид.

Одличен избор за мирно домување, до плажите, за времен престој, одмор и туристичко работење.

Погледнете ја нашата понуда на нашиот веб сајт www.kapitalohrid.mk
Контакт e-mail [email protected]
Контакт телефони:
078 232 047
070 331 609