Се вчитуваат детали за огласот…

Se prodava deloven prostor vo Centar – Gradski zid kaj Krash

Skopje Centar · Skopje Centar
€310,000
1 bath 07.10.2026

Детали

Намена Продажба
Тип на имот Деловен простор
Бањи 1
Кат 0
Населба Skopje Centar
Град Skopje Centar
Датум на објава 07.10.2026

Опис

s 506 d

Се продава ексклузивен деловен простор со површина од 73 м², сместен на мезанин во Градски Ѕид, во блокот позади Собранието на Република Македонија, со атрактивен поглед кон улица Македонија.

Просторот располага со директен и самостоен влез од надвор и е целосно и темелно реновиран од карабина, со употреба на висококвалитетни и современи материјали, со посебно внимание посветено на термоизолацијата, електроинсталациите, мрежната инфраструктура и завршната обработка.

ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
• Нови прозорци – термоизолиран алуминиумски систем ELVIAL EL86, со тројно изолациско стакло 331+331+331
• Комплетно нов плафон – изведен со Knauf систем, со Betokontakt и Rotband
• Нов под – нова кошулка, ARDEX нивелација, Interface Heuga 725 и LVT (Luxury Vinyl Tiles)
• Нова водоводна инсталација, вклучително и нов водомер
• Нов довод на електрична енергија од електричното броило до главната разводна табла
• Комплетно нова електроопрема од Schrack Technik надворешно изведена од главната електрична табла и rack-ормарот, поставена во метални плафонски канали и спроведена со шелни до приклучните места – целата изведена со ласерска нивелација со цел да се обезбедат прецизност, правилни линии и зачувување на естетиката на просторот.
• Директни доводи KZS до Schuko (без дозни) – вкупно 30 KZS (не осигурувачи)
• 19″ 15U Schrack Network Enclosure Wall DW Monobloc – професионален мрежен ормар
• Структурно мрежно каблирање со поддршка за 10 Gigabit Ethernet, со Schrack Technik HSEKP423HA компоненти

РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ВЛЕЗ И ЕНТЕРИЕР
• Влезен ходник и скалиште обложени со гранит, со елегантна и издржлива завршна обработка
• Два дополнителни ѕида со декоративни гранитни апликации, кои дополнително го нагласуваат репрезентативниот карактер на просторот
• Внатрешна канцеларија со стаклени прегради, изведени со алуминиумски систем ELVIAL 2000 и двојно изолациско стакло 331+331
• Внатрешните стаклени површини се обработени со декоративна LLumar Window Film, која придонесува за дополнителна приватност и модерен изглед
• Дел од надворешните прозорци се опремени со рефлективен (огледален) филм, кој обезбедува дополнителна приватност и современ визуелен изглед на објектот

КОМФОР, БЕЗБЕДНОСТ И КОНТРОЛА
• Систем за греење и ладење со 3 Wi-Fi инвертер клима-уреди
• Интегриран систем за контрола на пристап за вработени
• Алармен систем поврзан со служба за обезбедување
• Систем за видео надзор за дополнителна безбедност и контрола на просторот

Просторот е погоден за канцеларија, консултантска или ИТ компанија, адвокатска канцеларија, финансиска компанија, медицинска или друга професионална дејност, како и за сопственик кој бара репрезентативен деловен простор на централна градска локација.


Cena 310 000 evra

tel 075/367-361