Стан за издавање во Хром
Mavrovska · Gjorche Petrov · Gjorche Petrov
€350
Детали
| Намена | Изнајмување |
| Тип на имот | Стан |
| Површина | 55 m² |
| Спални | 24 |
| Бањи | 1 |
| Кат | 1 |
| Година на градба | 2017 |
| Греење | autonomous |
| Населба | Gjorche Petrov |
| Град | Gjorche Petrov |
| Датум на објава | 08.09.2026 |
Опис
Се издава двособен стан од 55 м2 во Хром на период од 1 година со можност за продолжување, почнувајќи од 1ви Ноември 2026. Станот е најпогоден за млад брачен пар, бидејќи има само една спална соба, наместен е целосно со мебел и бела техника и целосна покуќнина, доколку нешто не ви треба секако може да го тргнеме. Станот се наоѓа на први кат во мала зграда со 11 стана, каде сите соседи се познаваат и почитуваат меѓу себе. Поради тоа со оглед на тоа дека моментално живееме во странство, станот би го издале само доколку најдеме луѓе на кои можеме да им веруваме дека ќе го чуваат како свој и дека ќе се однесуваат соодветно спрема целата зграда. Зградата е прилично нова од 2017г., и секој стан си има свое обележано паркинг место. Станот се грее на инвертер клима и е прилично топол во зима, а сметките во зима не надминувале повеќе од 3000 ден, додека во лето до 1200 ден. Дополнително на тоа има месечни сметки за вода од 500 ден. и куќен совет 500 ден, во станот моментално нема интерент, можете слободно да си ставите доколку сакате. Покрај киријата, сметките се плаќаат задолжително секој месец, без задоцнување. Потребно е еден депозит и една кирија однапред, соодветно ќе биде потпишан договор и нотар. Доколку сакате да го погледнете станот во наредниот период, исконтактирајте ме тука преку порака или на +46762514614 на вибер или what’s up и ќе договорам моите родители да дојдат да ви го покажат. Имајте во предвид дека сите наши работи во станот ќе бидат тргнати и дека ќе биде донесена спална наместо единечниот кревет во спалната соба кој моментални е таму.
Договорот за станот може да биде потпишан во периодот од 19.10.2016 до 30.10 2026.
За сите дополнителни информации, слободно исконтактирајте ме.
Ивана
Договорот за станот може да биде потпишан во периодот од 19.10.2016 до 30.10 2026.
За сите дополнителни информации, слободно исконтактирајте ме.
Ивана