Се вчитуваат детали за огласот…

Стан + гаража + пасивен приход од прв ден!

Bejbunar · Ohrid · Ohrid
€148,000
60 m² 1 bed 1 bath 13.10.2026

Детали

Намена Продажба
Тип на имот Car garage
Површина 60 m²
Спални 1
Бањи 1
Кат 4
Година на градба 2018
Греење autonomous
Населба Ohrid
Град Ohrid
Датум на објава 13.10.2026

Опис

Се продава комплетно наместен стан од 60 м² (4-ти кат) со одличен распоред во Бејбунар, во зградата на хотел „International“ наспроти Спортска сала Билјанини Извори. Има и подземна гаража од 13 м² со посебен имотен лист.

Станот е издаден до јуни 2028 година по цена од 450 евра месечно, што претставува одлична можност за пасивен приход.

Локација и околина:

Сместен веднаш до Националниот парк Галичица (веднаш до пешачката патека за Велестово).

Слободен паркинг веднаш до зградата преку цела година.

На само 10 минути пешки до езерото (Холандски парк) и плажите кај Cuba Libre.

Идеален за фамилија или млад брачен пар, како и за луѓе кои работат од дома. Поради локацијата, исто така е идеален и за издавање преку Airbnb и Booking.

Предности на зградата (чувство како во хотел):

Влез со рецепција и обезбедување 24/7.

Зградата се чисти и одржува континуирано преку цела година.

Кафич во самата зграда со поглед на Галичица и попуст за станарите.

Распоред и опременост:

Одличен распоред: 55 м² внатрешна површина + 5 м² балкон.

Дневна соба, спална и посебна канцеларија која лесно може да се пренамени во детска соба.

Се продава комплетно наместен, со чист имотен лист без товар и хипотека (вклучен LG телевизор, Sony звучници, Gree инвертер, Samsung перална, Gorenje фрижидер и сета останата бела техника и мебел).

Станот може да се види во кое било време. Прифаќам предлози за цена.