Се вчитуваат детали за огласот…

СЕ ПРОДАВА СТАН + ДВОР + ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ВО ТАФТАЛИЏЕ 1

Варшавска 52 Тафталиџе · Karposh · Karposh
€274,500
85 m² 3 beds 1 bath 22.09.2026

Детали

Намена Продажба
Тип на имот Деловен простор
Површина 85 m²
Спални 3
Бањи 1
Кат 2
Година на градба 2007
Греење autonomous
Населба Karposh
Град Karposh
Датум на објава 22.09.2026

Опис

СЕ ПРОДАВА СТАН + ДВОР + ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ВО ТАФТАЛИЏЕ 1 (ул. Варшавска) – Стан 85m² + Деловен објект 11m² + Двор 41m²

Се продава комплетно уреден и веднаш вселив имот на една од најбараните локации во Скопје – Тафталиџе 1, во непосредна близина на City Mall и наспроти O.У. „Јан Амос Коменски“.

На купувачот му нудиме комплетно заокружено решение (простран четворособен стан, средена кујна/бања, двор и сопствен деловен објект).

НАЈДОБРАТА ЛОКАЦИЈА И НАЈУБАВИОТ ПОГЛЕД НА ВОДНО: Станот се наоѓа на најдобрата микро-локација во Тафталиџе 1 (ул. Варшавска, веднаш до Skopje City Mall). Има најубав отворен и чист панорамски поглед директно кон Водно и Крстот — бидејќи е сместен директно спроти спортските терени на „Јан Амос Коменски“.
Врвна инфраструктура на неколку чекори: Во непосредна близина се основното училиште Јан Амос Коменски, новата градинка „Мајски Цвет“, гимназија „Георги Димитров“, гимназија НОВА, гимназија „Јахја Кемал“,маркетот КАМ и Зур. Во близина се и Пазарот Тафталиџе, Skopje City Mall и Лептокарија.


ПАКЕТОТ вклучува:

СТАН (85 m²): Исклучително светол четирисобен стан
позициониран на 2. кат во мала зграда/куќа (на принцип на посебни станови)

Распоред: 3 спални соби, простран дневен престој со кујна и трпезарија, бања, 2 посебни остави, голем складишен простор и тераса.

Исклучителна осветленост и ориентација: Тространо ориентиран (Југ – Север – Запад), што овозможува природна светлина и топлина во сите простории во текот на целиот ден.

Состојба: Модерно уреден, реновирана бања со стаклена кабина.

НОВИ АПАРАТИ И КЛИМАТИЗАЦИЈА: Станот е опремен со сосема нови апарати од бела техника — 3 нови инвертер клима уреди (за комплетно и економично греење/ладење на целиот стан), нов фрижидер, нова машина за перење алишта, како и машина за садови, вградена фурна и плоча и сончев колектор за топла вода.
Ниски режиски трошоци: Надворешна изолација во комбинација со трите нови инвертер клими овозможува минимални месечни трошоци за енергија.

ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ (11 m²): Нов објект со посебен Имотен лист регистриран како деловен простор. Има надворешна изолација и висина од 3 метри – идеален за канцеларија, ординација, студио или работилница.

ДЕЛ ОД ДВОР со квадратура од 41 m².
Заеднички дворски простор со право на користење.

Бесплатен и достапен паркинг пред објектот.

Вкупна цена за целиот пакет: 274.500 €

Контакт: 078 408 821 Тони