Се вчитуваат детали за огласот…

Прекрасen 3 собен стан на Илинденска

Ilindenska · Karposh · Karposh
€900
85 m² 2 beds 2 baths 02.11.2026

Детали

Намена Изнајмување
Тип на имот Стан
Површина 85 m²
Спални 2
Бањи 2
Кат 5
Година на градба 2021
Греење central
Населба Karposh
Град Karposh
Датум на објава 02.11.2026

Опис

Top Estate со задоволство ви го претставува овој прекрасен стан со 2 спални соби и пространа дневна соба во комплексот „Dabar Residence“ на улицата Илинденска. Сместен во мирно опкружување, овој преубав стан нуди дискретно, но исклучително удобно домување.

Станот се наоѓа на 5-тиот кат, има површина од 85 квадратни метри и се издава целосно опремен, подготвен за вселување. Кујната е опремена со најсовремени апарати од врвни брендови, додека дневната соба располага со нов дизајнерски мебел, софа и ЛЕД телевизор. Главната спална соба има сопствена бања и брачен кревет, а втората спална соба е пространа и исто така опремена со голем кревет и плакари. Балконот нуди поглед кон исток, додека дневната соба гледа кон југ. Бањата за гости е опремена со висококвалитетни санитарии и туш. На располагање е и просторија за складирање (остава) во рамките на станот.
Станот располага со централни грдско парно греење и сплит систем клими за разладување и греење.

Во непосредна близина се наоѓаат бројни банки, училишта, цркви и места за активности, спортови и рекреација. Пешачката зона на реката Вардар е на 2 минути раздалеченост. Трговскиот центар „City Mall“ е оддалечен само 5 минути пешачење.

Станот се издава со 2 подземни паркинг места.

Минималниот период на закуп е една година.

Доколку сакате да закажете термин за разгледување на станот или ви се потребни дополнителни информации, слободно контактирајте нè во секое време.