Куќа во Отовица (Велешко Езеро)
Отовица · Veles · Veles
€250,000
Детали
| Намена | Продажба |
| Тип на имот | Вила |
| Површина | 500 m² |
| Спални | 4 |
| Бањи | 2 |
| Кат | 0 |
| Година на градба | 2017 |
| Греење | autonomous |
| Населба | Veles |
| Град | Veles |
| Датум на објава | 20.09.2026 |
Опис
Се продава куќа/викендица на влезот во с.Отовица, веднаш под мостот (автопатот за Скопје), во близина на Езеро Младост – Велес.
Куќата е на два спрата (приземје + еден спрат) со вкупна површина од 147м2.
Дворот е со вкупна површина од 494м2 (414м2-градежно земјиште + 80м2 земјиште под зграда).
Куќата е ВЕДНАШ вселива.
Документација: Имотен лист 624, КО Отовица, Парцела 1154/1.
Двата спрата се одвоени и имаат посебни влезови.
Куќата има внатрешни и надворешни скали кои ги поврзува двата спрата.
Градба: куќата е изградена 2017 година. Бетонска конструкција на столбовите и плочите со ѕидови од цигли. Покривите на куќата, тремот и терасата се со ќерамиди. ПВЦ прозори и ПВЦ врати за купатилата. Подот и внатрешните скали се со ламинат. Оградите на тремот и терасата се со дрвена конструкција. Надворешна изолација со стиропор дебелина 5цм. Подот на тремот и терасата е обложен со надворешни плочки. Оџак кој минува низ приземјето и спратот. Комарници поставени на сите прозори. Надворешни пластични бели ролетни на сите прозори. Ѕидана гаражата залепена до самата куќа која има една голема врата за внес на возило и една мала врата. Во самата гаража има доставено цевки за довод и одвод што значи дека истата може да се пренамени во соба за живеење. Соларен панел поставен на покривот за затоплување на водата. Надворешни ролетни поставени на тремот и горната тераса за правење сенка во топлите периоди и проѕирни ролетни за заштита од провев во ладните периоди. Клима уред на првиот спрат.
Инсталација: електрична инсталација со приклучок од ЕВН со трофазна струја. Приклучен довод на вода на ЈКП Дервен. Одводна канализација приклучена на одводната/канализациона мрежа на ЈКП Дервен. Прикличок од Телеком за телевизија, телефон и интернет.
Двор: дворот е хортикултурно уреден со зимзелени и овошни долгогодишни дрвја високи над 2 метри. Три тревници опремени со подземни црева и прскачи. Влезот и патеките низ дворот се направени од бекатон плочки. Ограда од сите страни на дворот, безбедни од влегување на улични животни.
Локација: локацијата на куќата е исклучително поволна. Се наоѓа на почетокот на с.Отовица (прва куќа во КО Отовица). Влезот во дворот е веднаш од главната улица. Во непосредна близина (помалку од 1км) се наоѓаат: езерото Младост, автопатот за Скопје, мини маркетот во Отовица.
ДОПОЛНИТЕЛНА МОЖНОСТ: доколку сте заинтересирани за поголем двор, односно купување на плацот 1154/4 со вкупна површина од 506м2 кој е во моја сопственост и се наоѓа веднаш до дворот на куќата може дополнително да се договориме.