Се вчитуваат детали за огласот…

Овој оглас е постар од 40 дена и може да биде застарен.

Изнајмувамe апартмани во Лагадин

Лагадин · Ohrid · Ohrid
€150
20 m² 1 bath 14.09.2026

Детали

Намена Изнајмување
Тип на имот Студио
Површина 20 m²
Бањи 1
Кат 0
Година на градба 2016
Греење autonomous
Населба Ohrid
Град Ohrid
Датум на објава 14.09.2026

Опис

Она што го позиционира Охрид како топ дестинација и во останатиот дел од годината е тоа што климата продолжува да е блага, пријатна и со медитернаски примеси во текот на целата година. Особено се истакнува Лагадин, како еден од најубавите делови на охридското крајбрежје познато по долгите плажи идеални за долги прошетки , рекреација и шетање на миленции. Лагадин се наоѓа на околу 8 км од центарот на градот лежи на подножјето на планина Галичица и до самото езеро. Уште повеќе, што во овој дел на потегот од Елешец, Лагадин се до специјалната болница за кардиологија се вкрстуваат три воздушни струења кои се особено благопријатни за лица со белодробни и кардиоваскуларни заболувања. Впрочем и препораките на докторите се што повеќе да престојуваат во овој дел од Охрид токму заради поволностите кои ги дава самата клима, чистиот воздух, природата и самата местоположба.
За таа цел ви нудиме апартмани во Лагадин до само езеро.
– Период на издавање средина на септември 2025-крај на јуни 2026 год.
– Цените за издавање се поволни и се базираат на месечна кирија од 150-250 евра плус режиски трошоци во зависност од лица и период на престој.
– Апартманите се комплетни со сопствена кујна и купатило, wi-fi, интернет,ТВ кабелска. Обезбеден паркинг. Во близина имате три ресторана два маркета и аптека.
За подетални информации на тел 078 400 359