Се вчитуваат детали за огласот…

Продавам деловен п. на приземје 167м2, новоградба

Karposh · Karposh
€3
1 bath 23.08.2026

Детали

Намена Продажба
Тип на имот Деловен простор
Бањи 1
Кат 0
Населба Karposh
Град Karposh
Датум на објава 23.08.2026

Опис

Деловниот простор е на физичко лице и може да се користи и како стан.
Инсталациски е направен да може да се подели на два функционални стана.

Локација: Тафталиџе 1, на улица Хелсинки бр. 47 (позади Вегера и поранешниот Раде Кончар сервис). Приземје, 168m2, 3.25m висина.
Се продава без мебел, кујна. ВЦ-њата се опремени.

Деловниот се состои од 4 простории и 2 WC-ња/купатила.
– Просторија 1 ~ 95m2
– Просторија 2 ~ 28m2
– Просторија 3 ~ 12m2
– Просторија 4 ~ 12m2 (кујна)
– 2х WC (машко плус женско по 6m2)
– Тарасите се логии, со можност да се заградат во објектот ~ 10m2 …и повеќе…
# Стакла – 4 сезонски во алуминиумски рамки;
# Надворешна изолација 10-ка стиропор;
# Дополнителна подна изолација со еструдиран полиестерен;
# Под – индустриска класа поливинил, професионално аплициран со Омла маса;
# Две ВЦ-ња се направени со луксузна нота, со луксузни GESSI чешми и батерии. Машкото има и писоар.
# Инсталации:
– SFTP Cat6а во ѕидовите (R&M) и 6 островски излези од под (кошулица) за мрежа и струја. Сите кабли се однесени во ракормар 42Unit.
– Вклучено каблирање за алармна централа, вклучително инсталација за аларм-контактори на сите прозори и врати;
– Дополнително каблирање за IP камери;
– Коаксијални кабли во секоја просторија, во најголемата на 3 места;
– Противпожарно каблирање;

Три врати за влез во објектот, по избор, сите се функционални.
Надвор позади има 3 х 15метри ограден простор со соседниот плац за евентуално користење за супермаркет и слично за одложување на работи.

Опционално, паркинг места:
– Паркинг место на ниво на улицата – по должина можат да се паркираат 3 коли (16,000 eur)
– 4 паркинг места под објектот (сите 4 60,000eur)



Данокот на пренос на имот и сите трошоци за превод се на сметка на купувачот.
До 1900, потоа на ВИБЕР ако сум во можност ќе ви одговорам.